Дали од први јуни слободно ќе дишеме на отворено и ќе се движиме без ограничување?

од Берта Китинска

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ќе реши дали ќе има олабавување на мерките од 1 јуни . Покрај носењето на маски на отворено членовите ќе расправаат и за полицискиот час како и дозвола за правење на свадби и под кои услови.

– Земајќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Илир Хасани, заменик министер за здравство.

Хасани признава дека носи маска на отворено, но и како на останатите граѓани и нему му е товар кога тоа го прави на шеталиште или во парк. Лично е за укинување на оваа мерка како и на ограничувањето на движењето кое во моментот е на сила од полноќ до 4 часот наутро.

Полицискиот час стапи на сила на 10 март кога епидемијата на ковид 19 зема се поголем замав во земјава.

Слични содржини