Дали оние кои ја прележале короната и ќе се вакцинираат ќе имаат ДОЖИВОТЕН ИМУНИТЕТ?

од Stefanija Kuzmanovska
452 прегледи

Имунитетот на коронавирусот трае најмалку една година, можеби и цел живот, и се подобрува со текот на времето, особено по вакцинацијата, се наведуа во заклучоците на две студии кои можат да помогнат да се смират стравувањата дека заштитата од вирусот ќе трае кратко.

И во двете студии се испитувале луѓе кои биле изложени на коронавирус околу една година порано. Клетките кои ја задржуваат „меморијата“ на вирусот преживуваат во коскената срцевина и можат да ослободат антитела кога и да е потребно, беше објавено во списанието „Nature“ на почетокот на неделата.

Друго истражување, објавено на Интернет од страна на „BioRxiv“, место за биолошко истражување, открило дека овие клетки, кои ја содржат меморијата на вирусот, продолжуваат да созреваат и зајакнуваат најмалку 12 месеци по првичната инфекција, пренесува „Њујорк Тајмс“.

„Истражувањата се во согласност со растечката литература што сугерира дека имунитетот предизвикан од инфекција со САРС-КоВ-2 и вакцинацијата е долготраен“, рече Скот Хенсли, имунолог од Универзитетот во Пенсилванија, кој не беше вклучен во студијата.

Б-клетките кои се сеќаваат на вирусот се создадени како одговор на инфекцијата и се засилуваат со вакцината стануваат толку силни што можат да спречат инфекција и нови видови на вирусот што нема да резултира во потреба од дополнителна вакцинација, изјави Мајкл Нузенвиг, имунолог на Универзитетот Рокфелер во Њујорк.

„Луѓето кои биле заразени и вакцинирани навистина развиваат одличен одговор, одличен сет на антитела, бидејќи продолжуваат да ги развиваат своите антитела. Очекувам дека ќе потраат многу долго“, рече др. Нузенвиг за „Њујорк Тајмс“.

Овој резултат можеби нема да важи за луѓе кои не заболеле од корона но биле вакцинирани.

„Изгледа точно онака како што би се надевале да изгледа добар одговор на Б-клетките за памтење“, рече Марион Пепер, имунолог од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, која беше вклучена во новата студија.

Сите експерти се согласуваат дека имунитетот најверојатно ќе се манифестира многу поинаку кај луѓето кои никогаш немале ковид-19 бидејќи борбата против жив вирус е различна од реакцијата на еден вирусен протеин воведен со вакцина. А кај оние кои имале корона, првичниот имунолошки одговор имал време да созрее шест до 12 месеци пред да биде предизвикан од вакцината.

Слични содржини