Честопати се прашуваме како ќе изгледaат патувањата по завршувањето на пандемијата, но авио-компанијата „Emirates Airlines“ со седиште во Дубаи започна со тестирање на патниците за коронавирус пред да се качат на авионот. 
Според авиокомпанијата, првите брзи тестови на крвта за „Ковид-19“ биле спроведени во средата на меѓународниот аеродром во Дубаи, а патниците на летот за Тунис биле тестирани пред поаѓањето.
Тестовите биле спроведени од страна на Здравствениот орган во Дубаи на Терминалот 3 и резултатите биле достапни во рок од 10 минути.
„Emirates“ тврдат дека се првата авиокомпанија што спроведува вакви тестови.
– Работиме на планови да ја зголемиме нашата способност за тестирање во иднина и да го прошириме ова и на други летови – рече Адел ал-Раџа, главен оперативен директор на компанијата „Emirates“ – Ова ќе ни овозможи да спроведеме брзи тестови на лице место и да обезбедиме итна потврда за патниците од Емиратите кои патуваат до земји, за кои се потребни тест сертификати за КОВИД-19.
Авиокомпанијата не наведе дали на некои патници ќе им биде одбиено патувањето врз основа на резултатите од тестот.
Серолошките тестови се вршат со земање на примероци од крв и не се наменети за дијагностицирање на активни коронавирусни инфекции. Наместо да ги проверуваат протеините во имунолошкиот систем, тие всушност ги земаат антителата. Ако некое лице ги има овие антитела, тоа значи дека тие биле изложени на вирус.
Сепак, Американската управа за храна и лекови (ФДА) наведува дека во раните денови на инфекцијата, кога имунитетниот одговор на организмот сè уште се зголемува, антителата може да не бидат откриени.