Дали пламенот на „Огнената група“ ќе ги подгрее страстите за поместување на функционерските фотељи?

од Берта Китинска
372 прегледи

Дваесет истаканти членови во ДУИ отворено се заканија дека би можелe да делуваат како фракција, додека, пак, двајцата пратеници од оваа група – Изет Меџити и Мерита Коџаџику, би ја напуштиле пратеничката група во Собранието и би делувале како независни пратеници, откако преку писмо јавно му се обратија на лидерот Али Ахмети искажувајќи му незадоволство од водењето на извршната власт од страна на првиот вицепремиер Артам Груби.

Според аналитичари, „пламенот“ од „Огнената група“ не би можел да ја турне владат, бидејќи таа е незадоволна од начинот на кој Ахмети ги одредува носителите на главните владини функции.

Полтичкиот аналитичар Благојче Атанасоски не верува дека незадоволната група може експлицитно да ја „турне“ владата, бидејќи, како што појаснува тој, тоа би значело директно свртување на кормилото на трасираниот пат „на нашиот „брод” кон Европската унија“.

-После силниот дипломатски булдужерски притисок и вклучување на највисоката американска и европски дипломатија, мислам дека меѓународната заедница не би си дозволила да се упропасти постигнатиот успех со деблокирањето на македонските европреговори, само заради внатрепартиските судири, суети и пресметки во ДУИ. Сепак станува збор за политички фигури кои се идолопоклоници на американската политика и дипломатија и еден повик од амбасадата на Кале тоа ќе го реши на фин и „дипломатски” начин, појаснува Атанасоски.

Во врска со бројот на гласови за уставните измени, аналитичарот вели дека ,иако Алијансата на Албанците ја подотвараат вратата за влез во владата доколку би гласале за промени и покрја нивното учество, во овој владни состав не може да се случат тие измени.

Благојче Атанасоски

Благојче Атанасоски

– Пратениците на Алијансата за Албанците со или без учество во власта ќе гласаат ЗА уставните измени. Проблемот е што и со нив, предвидената бројка од 80 пратеници без учество на целата пратеничка или делумна група на опозицијата, не може да се случат во овој собраниски состав. Повеќе,, туркањето во ред” за влез во Владата на оваа етничко албанска опозициска партија го гледам во насока на рефакторизирање на истата на политичката сцена бидејќи по дебаклот на локалните избори за Советот на општина Тетово се соочуваат со маргинализација на политичката сцена. Учеството на БЕСА и Алтернатива во власта, ресорите, привилегиите и задоволувањето на,, гладното и гласното” незсдоволно члеснтво со работни позиции, управни и надзорни одбори но и директорски и министерски позиции е поголема причина за намекнувањето и опипувањето на пулсот на јавноста но и симпатизерството за вакво изненадувачко вртење за 180 степени политичко крешчендо на до сега најголемата етничко албанска опозициска партија кај нас, смета Атанасоски.

Според Бесим Небиу „Огнената група“ досега нема искажано незадоволство во однос на политичкиот правец на делување на ДУИ.

-Евентуалното напуштање на пратеничката група на ДУИ, или делување како фракција внатре во партијата не е и нема да значи и автоматско приклучување на оваа група кон опозицијата или рушење на Владата. “Огнената група“ досега не искажа незадоволство во однос на политичкиот правец на делување на ДУИ. Таа е незадоволна единствено од начинот на кои Ахмети ги одредува носителите на главните владини функции, односно од нивното несоодветно вклучување како носители на министерските и другите извршни функции.Бидејќи Меџити и гполитчката групација околу него, не го проблематизираат самото учеството на ДУИ во оваа Влада на Ковачевски, туку имаат забелешки околу кадровските решенија и изборот на функционери, кои според нив не соодвествуваат со политичкиот легитимитет т.е. преференциите и популарноста во партиската гласачка база, овие, внатрешните недоразбирања не би требало да предизвикаат паѓање на Владата туку евентуално поместување на функционерските фотељи, подвлекува тој посочувајќи дека евентуалната поделба на ДУИ би можела да влијае на стабилноста на Владата.

-Но, како што видовме во минатотото, оваа влада е отпорна дури и на ситнење на партиите кои се нејзин дел. Еден од пратениците на Алтернатива, ја напушти Владата но, не се приклучи кон опозицијата – така што парламентарното мнозинство остана несменето, посочува Небиу.

Бесим Небиу

Бесим Небиу

Во врска со бројот на гласови за уставните измени, аналитичарот појаснува дека ,подотворената врата на Алијансата на Албанците за влез во владата, претставува активна политичка позиција која би била покорисна за самата АА.

-АА има нов претседател . Прва задача на секое ново раководство на партија, е консолидирање на партијата и создавање внатрешна кохезија под новото раководство. Во тие рамки, изјавите на Таравари ги сфаќам како потег во насока за создавање на активна политичка позиција за АА во овој кревок политички амбиент. Со оглед на солидниот број на пратеници на АА , таа секако има важна улога во парламентарните баланси и комбинаторики. Работа на политичка проценка е – но лично сметам дека ваквата активна политичка позиција е секако е покорисна и за самата АА, смета тој.

За професорот Самоил Малчески „Огнената група“ повеќе ќе влијае на проблемите внатре во ДУИ кои може на крај да завршат со нов политички субјект, потенцирајќи дека тие проблеми нема да се рефлектираат на нивното владеење и учеството во Владата.

-Веќе подолго време е јасно дека во ДУИ нешто чудно се случува. Мене ме радува фактот што некој се одважи и конечно јавно проговори за штетното однесување и делување на ДУИ и побара реформи во партијата. Да не заборавиме ДУИ е партија која 20 години е на власт во државата и во тие 20 години ништо суштински не промени во своите политики. Но, едно е сигурно, Владата која ја предводи Ковачевски, а ја администрира ДУИ, е силно обединета околу криминалот и корупцијата. Спремни се се да направат за да можат да бидат прикачени на Буџет и да крадат. „Огнената група“ е составена од луѓе кои важат за доста почитувани на терен и го познаваат теренот. Оттука, повеќе мислам дека ќе има проблеми внатре во ДУИ кои може на крај да завршат со нов политички субјект, но тие проблеми нема да се рефлектираат на нивното „владеење“ и учеството во Владата, појаснува тој.

Самоил Малчески

Самоил Малчески

Малчески е на мислење дека Ковачевски нема да има „шанси да обезбеди 80 пратеници“ за да има промена на Уставот во однос на влезот на Бугарите кое еден од главните услови за влез во ЕУ.

– ВМРО ДПМНЕ е јасно на ставот дека пратеничката група нема да поддржи Уставни измени. Ценејќи ја хомогеноста и компактноста на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ скоро со сигурност можам да кажам дека Ковачевски нема шанси да обезбеди 80 пратеници. После изборите во Тетово и дебаклот кој го доживеа Алијанса за Албанците ова можам да кажам дека е очаен потег на Таравари. Свесни се дека на следните избори нема да влезат во Парламентот и со тоа е се поизвесно згаснување на таа политичка партија и „кариерите“ на некои поединци во неа. Па оттука, се нудат како стара невеста за влез во Владата само за да можат некој месец да бидат и тие прикачени на Буџет и да крадат од нас граѓаните. Место да прават очајни потези, во овој момент тие треба да понудат решенија и кадри кои ќе донесат промени, а со тоа и ќе си ја повратат довербата кај нивните гласачи, подвлекува тој.

Б.М.

Слични содржини