Дали Путин е вмешан во убиства? Трамп: Веројатно, да…

од desk2
104 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше интервју за американската телевизија CBS каде рече дека „веројатно“ рускиот претстедател Владимир Путин е вмешан во убиства и труење противници.

Имено, новинарнката најпрво го праша Трамп зошто никогаш не кажал ни еден тежок збор за Путин, на што Трамп вели дека бил многу остар, а дека тие не знаат што тој зборувал на состанокот со Путин пред конференцијата за печат. Новинарката забележа дека тоа не го прави и јавно.

Тој се бранеше со неговиот одговор за Украина, каде рече дека пратил офанзивно оржје и тенкови, а тоа не го направил неговиот претходник Обама, кој праќал ќебиња и перници.

На прашањето дали се согласува дека „Путин е вмешан во убиства и труеа“, Трамп вели „Веројатно, да… Всушност, јас не сум…“ почна тој да одговара, но новинарката го прекина со друго прашање, пред тој да го објасни она „веројатно“.