Петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите вчера беше затворено, остануваме уште едно, одлучувачкото.
Она што сигурно го знаеме е дека тие во осминафиналето се пласираа Баерн Минхен, Манчестер Сити, Порто, Ливерпул, Челси, Севиља, Дортмунд, Барселона и Јувентус и дека во четири групи буквално не очекувааат „финалиња“.
На кратко „тизер“, која ќе го разработиме – Јунајтед е прв во групата, лесно може да испадне, Реал и Интер се трети и четврти, сепак можат да одат понатаму заедно. Екипите на Ред Бул како домаќини имаат шанса да испишат историја, односно со победа како домаќини над Атлетико и Јунајтед, одат понатаму!
Дефинитивно е најинтересната група Б во која сите четири екипи сепак имаат шанса да одат понатаму. Менхенгладбах има 8 бода, Шахтјор е втор со 7, колку што има и Реал, а Интер има 5.
Она што ја крена „возбудата“ вечерва е групата Х, во која Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 бода пред последното коло!
ПСЖ и Лајпциг, како гости, ги победија Јунајтед и Башакшехир и се израмнија со Јунајтед во делбата на првото место. Ситуацијата е таква што Јунајтед не смее да загуби во последното коло на гостувањето кај Лајпциг, во спротивно ќе бидат елиминирани!
ПСЖ направи многу со вечерашниот триумф, сега има „зицер“ на домашен терен против Башакшехир. Лајпциг мора да победи доколку сака да продолжи понатаму, бидејќи Јунајтед победи со 5:0 на првиот натпревар.
Значи, ПСЖ има зицер, со победа оди понатаму, додека Лајпциг и Јунајтед ќе играат вистинско финале.
Следна е групата Д, во која Ајакс е домаќин на Аталанта, на која и е доволно бод да остане втора. Единствено победа на Ајакс над Аталанта носи второ место и пласман во следната рунда.