Дали сте заглавени на работно место што не ви одговара?

од desk2
84 прегледи

Кога сте незадоволни од работното место, тоа се отсликува на сите аспекти на вашиот живот. Затоа, немојте да се убедувате дека секаде е исто, бидејќи не е. Дајте отказ и побарајте работа што ќе ве исполнува и нема да ви предизвикува дополнителни грижи, па дури и ризици по здравјето.

Ова се најчестите знаци дека сте заглавиле на работно место што не ви одговара:

Не напредувате

Со години сте на истата позиција. Не напредувате, ни хиерархиски, ниту во поглед на стекнување нови вештини и знаења. Тоа е јасен знак дека работата што ја имате не ве мотивира и не ве исполнува.

Работата ви станала рутина

Работата ви се сведува на рутинско извршување на обврските. Ниту една од нив не ве исполнува и не ви дава чувство дека постигнувате нешто. Време е да побарате работно место што ќе ја поттикнува вашата креативност.

Работата не ги исполнува вашите очекувања

Имавте поголеми очекувања од позицијата на која сте вработени. Сакавте да правите други работи и да давате личен придонес на големи проекти. Меѓутоа, вашите очекувања не се исполнети. Ако е така, време е да најдете работа каде што ќе може максимално да ги искористите вашите знаења и вештини.

Работата ви предизвикува стрес

Едноставно не смеете да дозволите често да се случува после работниот ден да се враќате дома нервозни и да ги оптеретувате семејството и блиските со стрес предизвикан на работа. Ако работата ви е стресна до тој степен и почнува да се одразува на вашето психофизичко здравје, направете пауза и побарајте работно место каде секој ден ќе одите со задоволство.