Дали Трамп ја прави Америка ментално болна?

од Vladimir Zorba
104 прегледи

  

 

Во еден од брилијантните романи на Вокер Перси, „Второ доаѓање“, протагонистот Вил Берет продолжува да пропаѓа без очигледна причина. Тој исто страда и од трансови истовремено размислува за егзистенцијални прашања.

Баерет ми доаѓа на ум во ова доба на Доналд Трамп.

Се уште не сум навлечен на голф терени, како што е Берет, но морам да го признаам чувството на блага главоболка и вртоглавица. Тоа е совршен смисол каде Берет наоѓа спас во млада девојка која е неодамна пуштена од лудница.

Кога толку луѓе околу вас и ви се чини дека страдаат од некој вид на манија за групирање – верувајќи во она што не е вистина и бранејќи го она што не може да се одбрани – тогаш официјалната дијагноза за „лудило“ е некој вид на утеха. Барем постои рационално објаснување за нивната болест.

Денес, барем една третина од нацијата изгледа страдаат од погрешно разбирање на реалноста. Да не јаделе печурки извадени од изметот на бик? Пијат вода зачинета со хемикалии за подобрување на лековерноста?

Оттука, кога претседателот Трамп зборува со својот четвртооделенски, едносложен, полн со синтаксички грешки јазик, тие слушаат лирска лицидност. Кога тој се перчи со тоа дека постигнал повеќе отколку било кој друг претседател досега, освен Френклин Делано Рузвелт, неговите следбеници со заслепени очи потврдуваат со климање на главата. Баш ниту една важна законска одлука не помина во Конгресот откако Трамп дојде на оваа позиција. Како што самиот Трамп рече, тој би можел да убие некого на Петта авенија и тие се уште ќе го сакаат него.

Ова е дефиницијата за реципроцитетно лудило, кое изгледа се проширило низ највисоките нивоа, како што видовме на најчудниот состанок на неговиот кабинет во американската историја. Шефот на кабинетот, Рејнс Прибиус рече дека е „благословен“ затоа што му служи на претседателот. Секој министер го искажа истото со свој пример, и со тоа ова стана епско, окружно вовлекување, величејќи го раководењето на Трамп (си помислувате дека и последното глувче му заблагодарува на првиот?) и ја изразуваа неговата или нејзината благодарност.

– Чест е да ви служиме, рече јавниот обвинител Џеф Сешнс.

– Привилегиран сум што сум овде, рече минустерот за труд Александер Акоста. „Длабоко почествуван“.

– Каква исклучителна чест е да се раководи со Министерството за здравје и човечки служби во ова клучно време под вашето раководство, рече министерот Том Прајс. „Не можам доволно да ви заблагодарам за привилегиите кои ми ги доделивте и за лидерството кое го покажувате“.

Единствениот начин да се преџвака ваквата мачна потчинетост е да се сетиме на Џејмс Коми. Или ќе покажете лојалност или ќе ве вратат да бидете член на привилегирана класа толку одвратна за истите оние кои Трамп ги доведе до искушение пред избирачките кутии.

Најрезервиран во своите забелешки беше министерот за одбрана Џим Матис, кој ги фалеше само мажите и жените во неговото министерство, а не Трамп. Професор, мислител, воен ветеран и лидер, Матис многу добро знае какво зло се крие во апсолутната моќ. Благослов е тоа што има барем еден во јатото загракани гаврани кој ја става земјата на прво место и не обожува ниту еден смртен човек.

Но што да се прави со остатокот од оние Американци кои се чини не се оптоварени со ваквата загриженост? Или овој претседател кој се уште може да направи голема штета? Повеќе од дваесетина психијатри, психолози и други експерти за ментални болести, се надеваат дека ќе дадат некои одговори во книга која е најавена за оваа есен – „Опасниот случај на Доналд Трамп“.

Тие не го дијагностицираат самиот Трамп, затоа што етички не е можно да го сторат тоа без да го испитаат пациентот. Тие сепак дискутираат за неговите симптоми кои ги доведе до заклучокот дека Трамп е „комплексен, ако не и опасно луд човек“. Тие исто претпоставуваат дека неговата ментална болест влијае и врз менталното здравје на нацијата.

Овие експерти по се изгледа ќе го сфатат она што многу новинари досега го открија: само оние досега убедените ќе ја прочитаат книгата, а останатите ќе останат сигурни во својата убеденост. Проблемот е што кога некој е секојдневно зашеметен со облаци од одвлекување на вниманието, тешко е да се да се сети како изгледа „нормалноста“.

Нема да се изненадам ако по кратко време видиме појава на Американци цели облечени во бело, како пушат цигари, немо гледајќи ги своите поранешни пријатели и семејства, и разговараат како животот и се во него останале исти. Берет со сигурност ќе најде утеха во таквото душтво, бегалци од Лудницата Соединети држави.

Да се надевам дека нема да гледаме преку бодликава жица.

Вашингтон пост – Вашингтон