Дали Вучиќ ќе мора да ја одбие средбата со Трамп?

од Nikola Popovski
222 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил денеска дека ако содржината на американското барање до Србија за прашањето околу Косово и Метохија во Вашингтон на 4 септември е како што се претпоставува, тогаш нема да има средба со претседателот Доналд Трамп.

Вучиќ рекол дека, доколку ја прифати средбата со претседателот Трамп, тој би бил првиот српски претседател кој би можел да ја има не само првата средба со Авдулах Хоти и Трамп, туку и билатерална средба со американскиот претседател.

„Бидејќи мислам дека знам каква може да биде содржината на тоа изненадување, затоа што го чувствувам, а не затоа што имам податоци, поверојатно е дека ќе го одбијам тоа и дека состанокот нема да се одржи“, рекол Вучиќ за ТВ Пинк одговарајќи на прашањето дали очекува Трамп да присуствува на состанокот

Тој посочил дека преговорите за областите од економијата ќе бидат лесно завршени, но, како што наведува, е загрижен за темите во продолжението на тој состанок.

„Започнуваме во 10 часот наутро по источно американско време со преговори и разговори за економијата. Можеме да се договориме со Приштина за три, четири или пет часа, а потоа имаме продолжение на разговорите и чекам што ќе се случи“, подвлекол Вучиќ.

Слични содржини