Дамева се врати на старо-новата функција: Ова ќе биде почетокот за враќањето на довербата на граѓаните во судството

од Nikola Popovski

Пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред кој што влева надеж дека правдата е достижна. Очекувам дека ова ќе биде почетокот за враќањето на довербата на граѓаните во судството. Нашата работа и заложби ќе останат декларативни ако правдата не е видлива. Јас сум за вистината и правдата, без разлика за кого е и против кого е, рече денеска старо-новата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева која се врати на функцијата по пресудата на Управниот суд.

Во своето прво јавно обраќање по враќање на функцијата, Дамева порача дека граѓаните имаат право да знаат што работи и како постапува Судскиот совет. Таа упати лична благодарност до медиумите и невладиниот сектор.

Околу нејзината соработка со колегите, особено членот на Судскиот совет, Адеми кој ја донесе одлуката за нејзино разрешување, Дамева истакна дека грешката е направена, но сега е исправена со пресудата на Управниот суд.

-Јас не очекувам од ниту еден член на Судскиот совет, дали на тивок или гласен начин да ја опструираат работата на телото. Ова не е парламент за да има тивок бојкот, кажа претседателката на Советот.

-Секој член е подложен на разрешување, но тоа подлежи на законски спроведена постапка. Искрено се надевам дека нема да дојде до бојкот. Кога има понатаму можност за заедничко работење, граѓаните го заслужуваат тоа и немам дилема, додаде Дамева.

Слични содржини