Дамева: Штом сум се нафатила на оваа функција, знам да се носам со заканите и навредите

од Nikola Popovski

Беа истакнати сериозни навреди кон мојата личност и интегритет. Сметам дека денеска на разгледување е годишниот Извештај, но како и да е јас штом сум се нафатила на оваа функција пред се и над се знам да се носам и со заканите и со навредите и со се друго што следува, рече претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, која присуствуваше на денешната седница на Собранието, на која се дебатираше за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година.

Во врска со изјавата на нејзината претходничка, посочени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, таа кажа дека наводите се „паушални и непоткрепени со докази и не може во овој момент да се верификува нивната основаност и вистина“.

За изборот на претседател на Судскиот совет, Дамева рече дека е изненадена зошто нејзе и се поставува тоа прашање, бидејќи треба да се постави тука во Парламентот како законодавен дом.

Таа додаде дека тоа е во однос на еднаквоста, а не по начинот на избор „како што некој милува да каже од редот на политиката“.

– Тоа не се согласувам. Начинот на избор е еден, однесувањето и постапувањето на секој од нас е нешто друго, рече Дамева.

Продолжението на оваа 71. седница ќе биде закажано за друг, а попладнево Собранието ќе продолжи со работата по продолженијата на точките од дневен ред на 100. и 103. седница.

Слични содржини