Данската премиерка: Истекувањето гас од „Северен тек“ предизвикано од „намерен чин“

од Vladimir Zorba

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави во вторникот дека истекувањата откриени во гасоводите „Северен тек“ се очигледно предизвикани од намерни дејствија и дека не може да бидат резултат на несреќи.

– Сега е јасна оценката на надлежните дека тоа се намерни дејствија. Тоа не беше случајно – изјави Фредериксен пред новинарите.

– Се уште нема информации кои би укажале кој би можел да стои зад оваа акција – додаде Фредериксен.

Европа во вторникот истражуваше големо истекување на два руски гасоводи кои пумпаат гас во Балтичкото Море во близина на Шведска и Данска, додека Шведска започна прелиминарна истрага за можна саботажа.

Слични содржини