Данската премиерка поднесе оставка

од Vladimir Zorba

Данската премиерка Мете Фредериксен, чија партија тесно победи на изборите, денеска поднесе оставка.

Таа ќе почне да ги истражува можностите за нова политичка коалиција, изјавија нејзините соработници, пренесе Ројтерс.

Се очекува овие разговори да бидат долги бидејќи нејзините политички соработници и противници изразија скептицизам кон ваквата коалиција, поради што исходот е неизвесен, наведува британската агенција.

Левоориентираниот блок, во кој е вклучена и Социјалдемократската партија на премиерката Фредериксен, освои 90 места, најмало можно мнозинство во парламентот од 179 места, додека десничарскиот блок освои 72 места, а новоформираната партија на центарот освои 16 места.

„Благодарам на сите Данци кои ни ги доверија своите гласови, тоа е огромна чест. Иако многумина се сомневаа во нас“, изјави синоќа Фредериксен.

Во крајно неизвесна постизборна ноќ, до раните утрински часови не беше извесна повторната победа на левиот блок на чело со социјалдемократите.

Слични содржини