Данците најмногу ги изневеруваат своите љубовни партнери

од Vladimir Zorba
78 прегледи

   Иако неверството се случува во секоја земја на планетата, некои нации тоа го прават многу почесто од другите.

Неодамна спроведено истражување покажа дека најмногу неверстава има во скандинавските земји.

На самиот врв на листата на „прељубници“ се најдоа Данците. Дури 46 отсто од испитаниците во Данска признале дека го изневеруваат својот партнер.

По Данска на листата следи Норвешка со 41 отсто „прељубници“, а на трето и четврто место се најдоа Исланд и Финска со 30, односно 36 отсто лица кои го изневеруваат партнерот.

Поточно, ако знаете десет двојки од скандинавските земји, најмалку четири лица ги изневеруваат своите партнери.

И не само кога станува збор за двојките. Врските за една ноќ се исто така популарни во скандинавските земји.

Најмалку две третини од популацијата на споменатите земји имале вакви искуства.

Студијата анализира и сексуални навики на нациите, па така е дојдено до податоци дека Грците најчесто имаат анален секс, додека Индијците се најзадоволни од нивниот љубовен живот.

Истражувањето три месеци со аналiза на податоците собрани од сите краишта на светот.