ДАНЦИТЕ ПЛАЧЕА ПО МЕЧОТ! Селекторот во солзи ги откри деталите од соблекувалната: „Имавме ДВЕ опции!“

од Vladimir Zorba

Сите што го видоа хоророт што се случи на мечот Данска-Финска или кои барем слушнаа што се случи со Кристијан Ериксен, претрпеа огромен шок.

Данскиот селектор Каспер Хјулманд и се обрати на јавноста во солзи.

„Беше навистина тешка вечер. Сите нè потсети на она што е најважно во животот. Ова се односите за кои се грижиме. Овие се сите луѓе околу нас. Ова се семејство и пријателите“, рече тој низ солзи.

„Сите наши мисли се сега со Кристијан и неговото семејство“.

Славниот дански фудбалер колабираше четири минути пред полувремето, капитенот Симон Кјер му го извади јазикот од устата, соиграчите го опколија за камерите да не снимаат …

За среќа, сè заврши добро, затоа што асот на Интер беше пренесен во болница во свесна состојба, каде се опорави, па дури и стапи во контакт со тимот. Наводно им рекол да излезат на терен и да го продолжат натпреварот против Финците, што го направија и го загубија.

Хјулманд откри каков бил договорот во соблекувалната.

„Имаме група играчи кои не можам да ги пофалам доволно, ниту можам да бидам повеќе горд на нив. Имаме група луѓе кои се грижат едни за други. Ериксен е мој драг пријател и играчите во соблекувалната се согласија да не правиме ништо, додека не слушнеме дека Кристијан е свесен, дека е во ред“, додаде селекторот.

„Имавме две опции – да го одиграме натпреварот денес или утре напладне. И сите се согласивме да играме денес. Не можете да играте натпревар под такви емоции. Неверојатно беше што успеаја да излезат и да го одиграат второто полувреме“.

Се разбира, не секој можеше да игра, што се виде на теренот.

„Искрено, имаше играчи кои беа целосно „убиени“. Тие беа испразнети и емоционално исцрпени“, додаде тренерот Хјулманд.

Слични содржини