Даскаловски: Европа е издоминирана од САД во безбедносна смисла

од Nikola Popovski

Војната во Украина значи повторно актуелизирање на НАТО. Францускиот претседател Макрон кажа дека НАТО е клиничко мртво, алудирајќи на тоа дека НАТО е разединето, разни членки делуваат самостојно и воопшто не се координирни во постапките, вели професорот по безбедност, Жидас Даскаловски во емисијата „Трилинг“.

Според него, со оваа ситуација во Украина и агресијата на Русија, доаѓаме во момент каде НАТО пак се актуелизира и капацитетите на САД за да влијаат во Источна Европа.

-Европа е тотално издоминирана од САД во безбедносна смисла. Путин со тоа што побара гаранции за безбедноста од САД, но и од НАТО, веќе навестува дека нему му се потребни нови договори, како што се Јалтскиот договор, рече Даскаловски.

Слични содржини