Давид Неделковски: Басот го продадов и купив кокошки, но козите се мојата среќа

од Берта Китинска

Пред 10 години, Давид Неделковски реши да го напушти градскиот асфалт и да замине далеку од Скопје. Toj е археолог, несуден басист, кој вели дека појачалото и басот ги продал за да купи кокошки.

Давид секое утро заедно со своите кози шета по падините на Скопска Црна Гора.Хана, Црнка, Бранка, Кефсер, Бела, Милка, Хајди, Мери… Се само дел од козите кои го дружат.

– Ми се здодеа чекањето на семафори, па решив да дојдам во Раштак каде имам парче земја наследство од дедо ми. Живеев во Лисиче, се пробав себе си на неколку работни места, но некако не сум човек кој може да работи во канцеларија. Сакам природа сакам животни. Започнавме со десет а сега имаме околу 76 грла, од кои тројца се јарци, двајца возрасни (Дизел и Џипси) и еден јарец по име Козјак . Убаво е чувството кога ќе го започнеш денот и те чекаат сите кои те сакаат, вели младиот козар.

Давид ни раскажа дека на почетокот за околината била чудна неговата одлука.

-Беше чудно зошто токму козите беа мој избор и повеќето коментираа дека изборот ми е без врска, но како поминуваше времето пополека почнаа да го разбираат и прифаќаат тоа што денес го работам, ни раскажува Давид.

Лани за првпат организирале „Ден на фармата“.

-Во моментов не може да организираме денови на фармата поради пандемијата со коронавирусот. На мое големо задоволство голем број од просветните работници имаат интерес да дојдат и да ја посетат фармата заедно со дечињата. Сите кои присуствуваа имаа можност да пробаат козјо млеко, сирење и домашна мекица, раскажува Давид.

За козарството ќе каже дека е многу комплексна професија и начин на живот.

-Има одредени фази, каде козите во текот на годината се трудни па се чекаат јарињата и им е потребна посебна нега. И во тој период поголем дел од времето го поминува заедно со нив во штала. Козите барат внимание, разговор тие се питоми бидејќи ние со нив соработувам, го поминуваме времето заедно со нив. Јас секогаш правам компромис прво они слободно се шетаат и јадат по планините потоа јас седнувам и се мезам. Соработката е на ниво, раскажува Давид.

Во овој период од годината Давид заедно со неговото семејство произведува млеко и млечни производи.

-Овој период сега е наменет за производство на млеко и млечни производи. Оваа работа би ја поделил на две фази првата е моментот кога козите го прават млекото горе на планината пасејќи трева, шталата каде се молзе млекото, потоа тоа оди на обработка па на зреење. Козите се друштвени и немаат проблем со луѓето. Го користиме секој момент кога е убаво времето да се прошетаме со нив, вели Давид.

Кога доаѓа зимата Давид вели дека на своите кози им дава ливадско сено, и житарици кои локалното населението ги работи.

На прашањето како реагираат неговите другари на неговиот избор и дали му помагаат кога ќе дојдат кај него .Давид вели дека како поминува времето малку од неговите другари се подготвени да помогнат кога ќе дојдат на посета, но секогаш се расположени да го пробаат финалниот производ.

-Во моментов фармата „Кози Млеко Планина“ произведува младо сирење, крем сирење, сурутка, млеко. -Понатаму планираме да го прошириме производството.Од лани почнавме да произведуваме старо биено сирење, кашкавали. Нарачките најчесто ги добиваме преку социјалните мрежи луѓето не следат на Фејсбук и на Инстаграм профилите.Ги повикувам сите мали производителида се информираат за трудот и активностите на Слоуфуд Македонија каде и јас членувам, вели Давид.

Б.М

Слични содржини