“Дебелите гени” не спречуваат да ослабнете

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Истражувањата на дебелината од последните години открија над 97 генетски комбинации поврзани со индексот на телесна маса. Тој е општо прифатена универзална мерка за телесната тежина, популарна со англиската си кратенка BMI. Најнеоспорна поврзаност со склоноста кон дебелеење покажува комбинацијата MC4R и TMEM18.

image_5778102_126
Истражувањата покажуваат дека кај “лоша” генетика и еднакви други услови човек акумулира во просек 3 килограми повеќе, отколку луѓето кои не се оптоварени генетска предиспозиција. Покрај тоа во текот на целиот живот имаат речиси 2 пати поголем ризик од дебелеење.
Поради пандемичните димензии на дебелината во западниот свет научниците бараат модели за спротивставување на ризичните гени. Најважниот дел од овие напори се насочени кон истражување при какви услови тие луѓе може да ослабат. Наодите на различните тимови сепак се контрадикторни. Затоа меѓународен тим се зафаќа со анализа на достапните податоци.
Научниците вложуваат огромен труд да ги пронајдат податоците за речиси 10 илјади учесници во осумте најразвиени прецизни и контролирани студии. Терминот означува дека волонтерите се избрани по случаен избор и се поделени на групи, од кои едната е т.н.. контролна – без попреченост (во конкретниот случај – полни, но без генетска предиспозиција за дебелеење). Тим се фокусира на телесната тежина, обемот на половината и BMI на учесниците.
Овие податоци беа анализирани во зависност од користените стратегии за слабеење и нивното времетраење. Покрај тоа, научниците ги разделиле резултатите во подгрупи, одвоени по етничката припадност на учесниците, полот, возраста и основните вредности на индекс на телесната маса. Истражувачите не пронашле никаква врска меѓу неповолните генетски комбинации и шансата за слабеење. Генералниот заклучок е дека луѓето кои носат ризик за дебелеачки генотипови, реагираат ефикасно на режимите за намалување на телесната тежина, како и луѓето во чии семејства нема дебели блиски роднини.
Тимот се надева дека резултатите од колосалниот труд ќе ги охрабри луѓето со прекумерна тежина да излезат од замката на удобното алиби да не прават ништо за да си ја вратат здравата телесна маса. Новите податоци покажуваат дека не треба да се залажуваат себеси, туку едноставно треба да вложат напори, како сите полни луѓе решени да ги соборат непотребните килограми. Моделите може да се различни, иако општите принципи на сите режими за слабеење стојат на 2 основни правила. Прво, да се намали количината и калоричната храна. И второ, да се зголеми физичката активност. Гените сигурно влијаат врз формата на телото и тежината, без сомнение поттикнуваат и дебелеење кај нерационалната исхрана, но најздравите диети и вежби се исто толку универзален механизам – со нив слабее секој кој има дисциплина. Затоа, кој има собрано непотребно тежина и навистина е решен да ослаби, да не бара извинување во наследниот ген, туку да започне со диета и вежеби уште денес, советуваат научниците.