Децата полесно дехидрираат од возрасните – препознајте ги симптомите на време

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Со доаѓањето на потоплите денови и високите температури, децата се повеќе склони кон дехидрација, што може да има сериозни последици.

Педијатрите предупредуваат дека децата многу полесно дехидрираат од возрасните, поради што е важно да се посвети посебно внимание на зголемениот внес на течности доколку престојуваат на отворено или се занимаваат со некоја физичка активност.

Исто така, претходните проблеми со дехидрација, дебелина и неодамнешно заболување се дополнителни фактори на ризик.

Но, како можат родителите воопшто да препознаат дека нивното дете е дехидрирано?

Иако понекогаш се случува да ги игнорираат предупредувачките знаци, во повеќето случаи тие се видливи и лесно препознатливи.

Според експертите од Клиниката во Кливленд, ова се некои знаци на дехидрација на кои треба да внимавате кај децата:

– сув јазик и усни

– недостаток на солзи

– помалку од шест мокри пелени дневно или неможност за мокрење

– темна урина со непријатен мирис

– сува и збрчкана кожа

– бледо лице

– длабоко, брзо дишење

– замор

– ладни раце и нозе.

Слични содржини