Дедо Мраз подели околу 7,3 милијарди подароци на деца од целиот свет и се враќа дома во Северниот Пол. Ова го објави Северно-американската вселенска команда (NORAD).
На специјалниот сајт www.noradsanta.org беше објавено видео со успешно враќање на белоглавиот старец во неговиот имот во Северниот Пол. Норад објави дека оваа година една од последните станици на Дедо Мраз беа Хаваите.
“Со нетрпение очекуваме следната година да го пронајдеме повторно во светот”, рече агенцијата.
НОРАД почна да го следи движењето на Дедо Мраз од 8 часот изутрина по македонско време на 24 декември. Првите деца ги добија своите подароци од Австралија и Нов Зеланд, потоа отидоа преку Јапонија, Кина, Индија, Африка, Средниот Исток, Европа, Латинска Америка, Гренланд, Русија, САД и Канада.
NORAD го следи патувањето на Дедо Мраз од 1955 година, користејќи 47 радари за таа цел. Се верува дека тие реагираат на топлина што произлегува од еленот Рудолф, кој е еленот на Дедо Мраз.