Ова што во моментот се случува во САД најмногу потсетува на 1968 година, кога беа убиени Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди, пишува „Дејли Телеграф“, наведувајќи дека можеби ова се најлошите периоди во историјата на земјата.
Протести и уништувања се во тек во САД, заради масовната невработеност и економската криза. Ако на ова ги додадеме невидената пандемија и ограничувањата на човековите права, кои не постоеја дури и за време на војната, недовербата кон владата може да се спореди со времето на аферата Вотергејт, а имајќи ги во предвид нападите врз слободните медиуми, постои секоја шанса 2020 година да запишана во историјата како најлоша година, пишува новинарката на британскиот весник, Роза Принс.
Ова не е првпат Америка да западне во криза, се наведува во текстот. Авторот на статијата потсетува на граѓанската војна, убиството на Абрахам Линколн, Џон Кенеди. Сепак, таа гледа паралелно со 1968 година кога Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди биле убиени и кога американските протести за граѓанските права се сретнале со остар одговор од полицијата.
И тогаш била изборна година, кога кандидатите – Ричард Никсон и наследникот на Кенеди, Хјуберт Хемфри, водел жестока кампања како сега Доналд Трамп и Џо Бајден.
Во исто време, 50 Американци умирале секојдневно во Виетнам. Денес, повеќе од илјадници луѓе умираат од коронавирусот секој ден, така што за четири месеци, двојно повеќе луѓе умреле од Ковид-19 во САД отколку за време на 14-годишната војна..
Авторот на статијата посочува дека немирите избувнале денес по друго убиство на Афроамериканец и истакнала дека тајмингот е идеален за протест – започнуваат третиот и четвртиот месец на самоизолација и „задушувачките станови не дозволуваат лицата да дишат во текот на летото“, се наведува во статијата, алудирајќи на тоа како почина Афроамериканецот Флојд.
Луѓето се чувствуваат безнадежно, многумина ги загубијле своите работни места, секој десетти Американец вели дека не е потолно нахранет. Стапката на невработеност е близу до онаа на Големата депресија кога луѓето со семејства патуваа низ земјата во потрага по работа.
И иако американската економија сега е многу посилна отколку во 2008 година, ќе ѝ треба уште долго време по ваквата состојба, наведува новинарката на „Дејли Телеграф“.
„Пандемијата, невработеноста и безнадежноста, протестите, полицискиот час, грабежите и неможноста или отсуството на желбата на политичката класа да предложи решенија – тоа е комбинација на неуспех и лошо однесување. Се чини дека ова се најлошите времиња во историја на Америка “, заклучува Принс.