Дејвид Линч ќе не учи како да снимаме курсеви онлајн

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Режисерот Дејвид Линч започнува онлајн курс за филм и креативно размислување. Циклусот од 13 предавања е објавен на платформата “МастерКлас”.

Во предавањата Линч го открива својот пристап за создавање на киното, поконкретно, каде да бараме нови идеи, изборот на актерите и работата со нив на сетот, пишување на сценариото и др. Последната 13 лекција е бонус и е посветена на трансценденталната медитација.

Дејвид Линч е претставник на независното американско кино. Тој е добитник на “Златната палма” во Кан и на “Златниот лав” од Венецијанскиот филмски фестивал за придонес во светската кинематографија.

Линч е режисер на десет филма, меѓу кои “Диво срце”, “Сино кадифе”, кои станаа класици. Најголема важност му носи серијата “Твин Пикс”, која беше емитувана насекаде низ светот.