Деле Али доби шише по глава, па одговори: Голот и победата ми беа послатки после тоа

од desk2
100 прегледи

Англискиот напаѓач Деле Али беше херојот во синоќешната победа на Тотенхем над Арсенал со 2:0 во мечот на „Емирати“ од четвртфиналето на англискиот Лига куп.

Тотенхем поведе со голот на Јужнокореецот Хеунг-Мин Сон на асистенција на Али кој потоа погоди за победа, искористувајќи го додавањето на Кејн и со тоа ефективно го исфрли Арсенал од Лига купот.

https://www.youtube.com/watch?v=o2T2jvAY7nI

Меѓутоа, натпреварот ќе се памети по немилион настан на крајот на мечот, кога навивач од трибините фрли со шише и го погоди Али по глава.

Англискиот репрезентативец се фати за глава, почна да ги крева рацете во знак на неверување, а потоа им одговори на навивачите на Арсенал, гестикулирајќи дека на крајот, резултатот е 2:0.

По мечот, Али изјави: „Тоа е тоа. Голот и победата ми беа послатки после тоа.“