Сакаме да ги информираме граѓаните на општина Демир Капија дека во последната година водиме исцрпувачка борба за спас на реката Дошница односно спас за животот на село Чифлик, Демир Капија и целокупниот животен свет во овој предел, се вели во фб објавата на еколошкото друштво од с. Чифлик
Фирмата ЕЛЕКТРО ТЕК ДОО СКОПЈЕ, има намера да изгради хидроцентрала, да го узурпира целокупниот воден тек на потег од рибникот до Демир Капија за да произведе незнатна количина на електрична енергија која ќе ја продадава и добива ПАРИ. Таа фирма секојдневно ќе добива ПАРИ а ние, обичните граѓани секојдневно ќе добиваме се повеќе суша, помал принос од многубројните земјоделски култури, повеќе комарци, повеќе муви, пожешка клима, помалку свеж воздух а најважно од се Демир Капија и село Чифлик ќе останат без вода за пиење затоа што главните извори за пиење се наоѓаат точно на зафатот на хидроцентрлта.
Досега, еколошкото друштво Еко Чифлик заедно со многубројни граѓани-жители на с. Чифлик, Демир Капија, Неготино и останатите населени места од општината, спречивме неколку обиди за нелегално отпочнување на изградба на хидроцентралата.
Би сакале да ги информираме сите граѓани на општина Демир Капија дека имаме сознание дека сопственикот на оваа фирма е решен со сила да ја одземе реката односно со сила и по секоја цена да ја отпочне изградбата на хидроцентралата. Имаме сознание дека во наредните денови овие лица планираат да дојда со механизација и да ја отпочнат изградбата. Ние ќе бидеме таму и како и до сега нема да дозволиме да биде пресечено ниту едно дрво, ниту да биде поместен ниту еден камен од своето природно лежиште.
Нашата цел за зачувување на оваа природна убавина ќе биде најлесно остврена доколку дојдеме сите на лице место и непокорливо се избориме за нашата Дошница и за сите нејзини благодети.
За сите заинтересирани, во наредните денови ќе се држи стража на самото место и доколку има сознание за било каква активност ќе бидете информирани за итен собир. Ни преостануваат уште 8 денови до истекот на несоодветно добиената дозвола за градба издадена од страна на предходното раководство на општина Демир Капија на 24.06.2016.
Ние ќе се избориме, и ќе бидеме пример и поттик за секоја слична ситуација.
Однапред Ви благодарамe!
Еко Чифлик