Неколку демократи во Претставничкиот дом на САД поднесоа предлог за импичмент на претседателот Доналд Трамп , објави АП.
Тие го обвинуваат во попречување на правдата, незаконско разрешување на директорот на ФБИ Џејмс Коми, “поткопување” на американската правен систем, кршење на слободата на говорот и прекршување на член за наградување .
” Веруваме дека претседателот Трамп го прекршува Уставот на САД и воведуваме пет точки за импичмент “, рече демократот од Тенеси Стив Коен.
Тој е поддржан од Луис Гутиерес од Илиноис, Ал Грин од Тексас, Адријано Еспаилат од Њујорк, Марша од Охајо и Џон Јармут од Кентаки.
Според АП мала е веројатноста интерпелација да се случи, бидејќи републиканците го контролираат Конгресот, а исто така лидерите на демократите се против идејата, бидејќи веруваат дека само ќе ги налути републиканците кои го поддржуваат Трамп
Во моментов, републиканците поседуваат 240 места во долниот дом, додека Демократите – 194.