Демократски сојуз: Илинден како поука или фијаско и граѓански бојкот!

од Vladimir Zorba
143 прегледи
Обидите за редефинирање на Македонската историја од страна на државно – политичкиот врв, им се врати преку граѓански отпор и бојкот.pisarev 1_1.preview
Десетгодишната кампања на негирање на реалните случувања на овие простори, обиди некои значајни великани за македонската кауза да бидат маргинализирани, како и неколку годишната пракса на Илинден да се носат партиски активисти за аплаудирање, оваа година доживеа фијаско. Се покажа мудроста на македонскиот народ кој не сака да биде манипулиран на овој светол ден за Македонија.
На овој ден да се негираат вистинските херои и да се користи за партиска промоција или дискредитација на сите што поинаку размислуваат од власта, се покажа како контрапродуктивно и погубно за говорниците пред спомен обележјата на творците на самостојна и независна Македонија.logo Demokratski Sojuz
Демократскиот сојуз се согласува со сите оние кои јавно говорат дека “историјата е најавтентичен судија”, но потсетуваме на народната поговорка “кој нема историја нема ни иднина”. Затоа сметаме дека  тие кои од лични и партиски интереси се обидуваат да ги менуваат историските факти, ниту се патриоти, а уште помалку државници.