Стотици приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ги пробија металните барикади и влегоа во Капитол во Вашингтон и поради тоа Конгресот ја прекина сесијата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Колку е целата работа неверојатна, покажува и сцената од салата на Сенатот – демонстрантот застана на челото, ја крена раката и извика „Трамп победи на изборите“.
Protesters are on the third floor of the Senate, walking door to door, shouting “Where the fuck are they?”
They’re in the gallery pic.twitter.com/3v4XsPWl5o
— Igor Bobic (@igorbobic) January 6, 2021
Во меѓувреме, се огласи и самиот Трамп.
„Ве молиме, поддржете ја нашата полиција во Капитол и нашите сили за спроведување на законот. Тие се навистина на страната на нашата земја. Останете смирени“, напиша Трамп на Твитер.
Претходно, приврзаниците на Трамп се судрија со полицијата на скалите на Капитол, додека Конгресот броеше гласачки ливчиња внатре.
Целиот Конгрес сега е во „локдаун“.
Голем број демонстранти се искачија на скелето во близина на зградата на Капитол и почнаа да удираат по прозорците.
Во Вашингтон владее целосен хаос. Претседателот Трамп најпрво одржа голем митинг каде повторно зборуваше за изборни кражби, на денот кога Конгресот треба да ја потврди победата на Бајден, а после тоа, приврзаниците на Трамп се судрија со полицијата околу Капитол.
Тогаш беа совладани полициските и металните барикади и тие влегоа во зградата на Капитол, поради што расправата во Конгресот беше прекината и сите политичари и новинари беа евакуирани.