Демонстранти ја избркаа Тереза Меј

од desk2
106 прегледи

Гневни демонстранти ја избркаа британската премиерка Тереза Меј од катердралата Сент Клементс, каде што се одржуваше миса за настраданите во катастрофалниот пожар во лондонската кула Гренфел, пренесе 24 вести.

Само што пристигна со своето службено возило, демонстрантите почнаа да трчаат кон премиерката, а дел од нив се нафрлија да удираат по автомобилот.

Додека обезбедувањето ја смируваше толпата, меј беше изнесена со полициско обезбедување. Во големиот пожар, досега загинаа вкупно 70 лица, а стотина се уште се водат како исчезнати. Британската премиерка најави темелна истрага за случајот.