На 21 јануари се одбележува Меѓународниот ден на прегратката. Празникот што ги тера луѓето да се насмеат во напнатиот секојдневен живот постои од 1986 година. Првпат беше прославен во Клео, Мичиген , САД. Кевин Закранини е негов основач.

Идејата на овој „празник“ е да ги охрабри сите да ги гушкаат без грижа и без посебна причина своите блиски , пријатели , па дури и непознати по улицата. Основачот на празникот го избрал токму овој датум за неговото одбележување, бидејќи според статистиката луѓето се најтажни и депресивни токму меѓу божиќните и новогодишните празници и Денот на вљубените.
Статистичките податоци покажуваат дека многу луѓе, не само во Америка, туку и во други земји во светот, се загрижени за слободното изразување на нивните чувства . Прегратката на јавно место може да влијае на нас!

Научниците сметаат дека луѓето кои сакаат да подаруваат прегратки всушност длабоко во себе имаат потреба да добиваат љубов , топлина и безбедност преку овој гест на близина.
Во Меѓународниот ден на прегратката намалете ја брзината на бурното секојдневие, погледнете околу себе и прегрнете драг човек за вас, бидејќи прегратката е израз не само на љубов, но и на благодарност, дека некој е до нас.