Денешниот билтен на МВР е само со дрвокрадци- еве каде работеле…

од desk3
147 прегледи

drva 11.04.2015

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. Пријавениот во текот на 2013 и 2014 годинапротивзаконски издал вкупно 176 одобренија со кои одобрил сеча на 11.040 м3 дрва, од кои се исечени и со испратница испорачани 9052,5 м3. Со тоа, тој се стекнал со противпрана имотна корист од 2.281.230 денари.

СВР Штип по преземени интензивни мерки и активности за спречување на бесправна сеча и трговија со огревно дрво откри повеќе криминални групи и поединци кои подолг временски период вршеле нелегална сеча на дрва и пустошеле шуми на неколку места на планината Плачковица и тоа во атарите на с.Калапетровци, с.Оџалија , с.Радање , с.Таринци и во атарот на с.Лакавица и с.Брест, како и на подрачјето на општина Делчево, а нелегелно исечените дрва ги транспортирале и продавале на граѓани на подрачјето на Општините Штип и Карбинци за цена од 1.500 до 2.500 денари во зависност од далечината на испораката. Имено по преземените мерки од страна на полициските службеници од СВР Штип, откриени и приведени се осум лица , одземени се 6 возила и предмети со кои групата и поедници го вршеле транспортот на исечените дрва и одземени се 25 м/3 нелегално исечени дрва. СВР Штип и понатаму продолжува со зајакнати контроли и мерки за спречување на нелегалната сеча на дрва како и транспортот на истите.Од страна на СВР Штип се работи на целосно документирање и комплетирање на настаните по што ќе бидат поднесени кривични пријави.

ПС Берово поднесе кривична пријава против М.К.(30), С.К.(31) и З.М.(35) сите од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 16.08.2015 година околу 16.00 часот на м.в. Караматлија атар на село Двориште од страна на полициски служебици од ПС за ГН Берово пријавените биле затекнати на парцела во државна сопственост како вршеле бесправна сеча на околу 3м3 огревно дрво, оштетувајќи го ЈП Македноски шуми за износ од 63.000 денари.

Слични содржини