Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.

од Vladimir Zorba
187 прегледи

 

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник.

Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта. Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение.

Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Главниот празник на целиот христијански свет – светот Христово Воскресение, Велигден или Пасха, се одбележува денеска од страна на милиони луѓе низ целата планета.

Со доаѓањето на Велигден завршува Големиот пост, кој трае 48 дена. Во тоа време верниците се повикани да се откажат од производи од животинско потекло, по можност и од штетните навики. Тие би требало да водат длабока духовна работа над себе, постојано да посетуваат храмовите, да се исповедаат и да се причестуваме. За Велигден подготовката е особено детални – главно се чистат домовите и работните места, подготвуваат се празнични јадења бојадисуваат се јајца кои потоа треба да се осветлат во храмовите. Не се препорачува одењето на овој ден на гробишта.

На сеќавање на мртвите, според календарот на  црквите си има посебен датум. 

Велигден се нарекува и Празник на сите празници. Во христијанската религија се чествува воскресението на Христос на третиот ден, откако бил распнат на крст и погребан.

При објавувањето на Воскресението, свештеникот иноси  запалена свеќа, од која сите присутни ги  палат своите свеќи, кои ги носат во своите домови.  Неделата по големиот ден се нарекува  Светла седмица, бидејќи Воскресението на Христа донесува просветлување за сите. По традиција во празничните денови се посетуваат родителите и кумове, а  се носат велигденски подароци и бојадисани јајца за да се посведочи љубов и почитување. Црвените јајца се симбол на Христовата маченичка крв . Меѓу Велигден и Педесетница – оваа година на 4 јуни, луѓето продолжуваат да се поздравуваат со поздравот “Христос воскресна”.