Филмовите „Убиството на светиот елен“ од Јоргос Лантимос и „Заведен“ на режисерката Софија Копола, денеска ќе бидат прикажани на Фестивалот за европски филм „Синедејс“. Се работи за филмски остварувања кои во 2017-та оставија длабок филмски печат. Годинава на Канскиот филмски фестивал, Лантимос се закити со награда за најдобро сценарио, додека Копола за најдобра режија.
Интересно е што во филмовите главните карактери ги играат Никол Кидман и Колин Фарел.
Краток опис на филмовите:
„Убиството на светиот елен“ – Д-р Стивен Марфи е познат кардиоваскуларен хирург, кој живее во беспрекорен дом со сопругата и двете деца. Од маргините на неговата идилична приградска егзистенција демне Мартин, тинејџер без татко, кој се наметнува себеси во животот на докторот на постепено вознемирувачки начини. Набрзо, целосниот опсег на намерата на Мартин станува заканувачки јасен кога тој ќе го соочи Стивен со одамна заборавена трансгресија, којашто засекогаш ќе го уништи неговиот домашен рај.
„Заведен“ – Капларот Џон Мекбрни е повреден унионистички војник, кој се наоѓа во бегство како дезертер за време на Граѓанската војна. Тој бара прибежиште во еден јужњачки интернат за жени, каде што учителките и ученичките со задоволство се нафаќаат да му помогнат. Набрзо, сексуалните тензии ќе доведат до опасни ривалства, бидејќи жените што се грижат за неговата ранета нога, истовремено му нудат и утеха и друштво.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=RT7CtDW3yfM
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=RT7CtDW3yfM