Денеска се празнува Илинден – националниот празник на Македонија

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Денеска Македнија ја  празнува 114 годишнината од Илинденското востание и   73 годишнината од првото заседание на АСНОМ, темелите на македонската државност. По тој повод низа настани и манифестации низ целата држава и секаде каде што живеат Македонци во светот.

 

По повод празникот Денот на Републиката – 2 август, Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата, во координација со Собранието и со претседателот на Република Македонија организира исто така голем број свечености, чествувања и обраќања.

Настаните  во Македонија по повод  2 авуст, во 8 часот, на овој голем ден почнуваат во црквата Свети Спас во Скопје каде што пред присутните гости ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци со свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата, од страна на премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Свеченостите по повод Денот на Републиката продолжуваат со активностите на претседателот Ѓорге Иванов, кој во 10 часот ќе положи венци со свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев.

Во 10.25 часот, Иванов ќе се поклони пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто и ќе има свое обраќање.

Во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во 11 часот, на свеченоста по повод првото заседание на АСНОМ ќе говори заменикот претседател на Владата, задолжен за еконмски прашања Кочо Анѓушев.

Централното одбележување на Денот на Републиката, 2 август, и државните почести по повод годишнината од Илинденското востание, ќе се одржат на Мечкин Камен во Крушево.

Делегација на Собранието во 9.30 часот ќе положи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, а во 10 часот венци свежо цвеќе ќе бидат положени и пред Споменикот на хеорите во месноста Слива.

Пред почетокот на големиот Народен собир на Мечкин Камен кој ќе отпочне во 12 часот, во храмот Свети Никола ќе биде одржана панихида.

Отворањето на програмата на Народниот собир на Мечкин Камен ќе започне со пристигнувањето и поздравот на коњаницата, по што ќе следува церемонијата на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и со интонирање на химната на Република Македонија.

На Народниот собир пред присутните гости ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Програмата на Народниот собир потоа ќе продолжи со пригодна културно-уметничка програма.

Лајтмотивот на сите чествувања по повод празникот Денот на Републиката  е „Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“, кој е инспириран од Крушевскиот манифест.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

 

Слични содржини