Денеска висок број на новозаразени, од ковид починаа 11 лица

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 156, Битола – 26, Куманово – 14, Кавадарци – 10, Прилеп и Охрид – по 9, Струмица и Штип – по 8, Неготино – 6, Гевгелија и Македонска Каменица – по 5, Делчево – 4, Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен – по 3, Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–182, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-120, Биотек-132, Систина-52, лабораторија Лаор-105, Синлаб-18, Ремедика-16, Плодност–27, Генеа-7, Никоб лаб-186, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-31, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.080.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

Слични содржини