„Депресијата е минато“: Осака е првата црномуреста спортистка во костим за капење на насловната на Спортс Илустрејтед (ФОТО)

од Nikola Popovski
466 прегледи

Јапонската тенисерка Наоми Осака се појави на насловната страница на познатото спортско списание „Sports Illustrated“, што беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што ги пропушти последните два грен слема, Ролан Гарос и Вимблдон, поради проблеми со депресија.

Оттука и изненадувањето за нејзините следбеници и обожаватели, за светот на тенисот, што се согласи да биде модел за познатиот магазин, во костим за капење, што е првпат во историјата атлетичарка со темна кожа да се појави во тоа издание.

– Нема сомнение дека Наоми е една од најдобрите спортисти во светот, а титулата позиција беше очигледно наметната. Своите претходни години ги помина освојувајќи титули и се упати кон Олимписките игри. Но, ние ја славиме Наоми поради нејзината страст, сила и моќ насочена кон постојано рушење на бариерите кога станува збор за еднаквост, социјална правда и ментално здравје – е пораката на редакцијата на познатото списание.

Очигледно е дека Осака сега е многу подобра психички, згора на тоа, сјае пред објективот и нема сомнеж дека е расположена чекајќи ги Олимписките игри во својата земја, каде што, без сомнение, ќе важи за една од фаворитките за златото.

Слични содржини