Дерала негира дека ширел Ковид-19: „Неписмени се или само бескрајно злобни”

од Nikola Popovski
430 прегледи

Од почетокот на ковид кризата бев четири пати во изолација, а се тестирав точно пет пати. За голема жал на пропагандистите, можам да соопштам дека НА СИТЕ ТЕСТОВИ СУМ НЕГАТИВЕН, објави новинарот Џабир Дерала, по натписот во одредени медиуми „Цивил шират кампања за попис додека Дерала е позитивен на Ковид-19“.

Тој наведе дека антитела има нула, „што значи дека не сум го ни прележал ковидот“.

„А вистина е дека се сретнав со повеќе од 2.000 луѓе за една година, посетив преку 40 населени места, учествував на огромен број настани. Цело време, здрав како дрен.

Како заклучија пропагандистите дека сум бил позитивен, навистина не знам. Мојот твит утринава се однесуваше на „брзината“ на поштата, а не на мојата здравствена состојба – фала на прашање, добар сум.

Неписмени се или само бескрајно злобни? Или и двете?“, стои во објавата на Дерала на Фејсбук.

Слични содржини