Дерала: Вметнувањето на Бугарите во Уставот е сосема нормално

од Nikola Popovski

Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е сосема нормално. Со тоа ќе се откочи процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ каде ќе седнеме на иста маса со Бугарија и ќе ги решаваме проблемите, вели новинарот Џабир Дерала во интервју за БГНЕС.

Во таа насока, тој признава дека во македонските медиуми и социјалните мрежи е забележлива антиевропска, антизападна, а во последните години и антибугарска реторика.

„Оваа реторика е поттикната од пропагандата која доаѓа и од Москва. Кремљ сака да ја спречи РСМ да продолжи по својот европски пат. Оваа реторика, која сосема заслужено ја регистрирате во нашите медиуми и социјални мрежи, доаѓа токму од оние кругови, за кои кажав погоре, дека не сакаат РСМ да биде стабилна, членка на ЕУ и да има добрососедски односи со сите земји, вклучително и во Бугарија“, категорично вели Џабир Дерала.

Слични содржини