Дерковски: ДИК е подготвена за избори со отворени листи

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Државната изборна комисија е подготвена за било каков договор кој ќе го постигнат партиите, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на новинарско прашање дали комисијата е подготвена за избори со отворени листи.

„Моето мислење за изборниот модел е нерелевантно, тоа е во суштина работа на партиите, како ќе биде изгласано, така ќе постапуваме. За се сме подготвени“, рече Дерковски.

Според него, избирачкиот список е добар и е материја која постојано се чисти и прочисутва како што ги добиваат податоците од МВР квартално.

„Се разбира дека во избирачки список со над 1.800.000 гласачи ќе најдете недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка затоа што ние постојано го прочистуваме списокот“, рече Дерковски.

Тој рече дека доставиле предлози за техничко подобрување на изборниот процес и додаде дека се тоа зависи од политичките партии.

Александар Тодески

Фото: Локално

Слични содржини