Десет милиони евра за претседателските кандидати за кампањата

од desk2

 

Тројцата кандидати за претседател во изборната кампања можат да потрошат максимум 10 милиони евра. Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река според правилата за своја промоција во кампањата може да потрошат максимум по 3,2 милиони евра или по 110 денари за секој запишан избирач кои ги има пак 1,8 милиони во земјава. Од буџетот на државата ќе бидат платени сите трошоци за рекламирање во медиумите, а за митинзи, билборди или изборен материјал парите ќе ги обезбедуваат кандидатите или партиите кои ги поддржале.

„Изборниот законик предвидува дека во финансирањето на предизборната кампања, учесникот во кампањата може да потроши најмногу по 110 денари по запишан избирач. Тоа е лимитот за секој организатор во изборна кампања за сите активности“ – рече Љупка Гугучевска ДИК.

За платено политичко рекламирање на телевизиите се предвидени вкупно 9 минути на еден час програма. По четири за власта и четири за опозицијата и една минута за политички партии кои немаат пратеничка група во Собранието.

„Четирите минути на власта ќе ги поделат кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски и градоначалничките кандидати на СДСМ И ДУИ. Кај опозицијата јандидато за претседател Горфана Силјановска ќе го подели времето од 4 минути помеѓу Блерим Река вториот кандидат за претседател од опозицијата и градоначалничките кандидати од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и БЕСА“. – рече Виктор Стојанов, АВМУ.

Од понеделник почнува изборната кампања, медиумите ќе бидат под засилен мониторинг на Агенцијата за медиуми. А во кампањата е строго забрането учество на малолетници. Не е дозволено и терање на кампања на кандидатите на верски, спортски, културни и забавни настани.

Народниот правобранител ќе отвори бесплатна телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право.

„Секој има право да се изјасни за својата опција, без притоа да трпи последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани, да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат. – се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Народниот правобранител апелираше до функционерите да не се осмелат да вршат заплашување и притисок врз вработените. Освен новиот претседател на државата, граѓаните на овие избори ќе треба да ги изберат и градоначалниците на Охрид, Ново Село и Дебар./24 Vesti

Слични содржини