Поранешната министерка за правда, а претходно и на ресорот образование, Рената Дескоска, објави дека не сака да носи заштитна маска и откри дека на владините седници постојано се спротивставувала на воведувањето на полициски час.
„Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и НОСАМ МАСКА. Додека бев дел од Владата постојано се спротивставував на воведувањето на полициски час и на носењето маска на отворено. Бројките на заболени тогаш, не беа како што се сега. Сега ситуацијата е многу посериозна и препораките треба да ги следиме заради личното здравје и колективното добро! Затоа НОСАМ МАСКА!“, пишува на својот Фејсбук профил Дескоска.
Не сакам да носам маска, но го почитувам законот и НОСАМ МАСКА.
Додека бев дел од Владата постојано се спротивставував…Posted by Рената Дескоска on Sunday, 1 November 2020