Дескоска: Немаше никакви координации, имаше технички грешки кои ги исправивме

од Aleksandar Todeski
336 прегледи

Министерката за правда, Рената Дескокса на прес конференција во Собранието појасни дека вчера на владина седница поминале Законот за ЈО и Законот за Совет на јавни обвинители. На текстот на Законот за ЈО имало укажување од министерката за финансии, за сумата која ќе се одвојува за обвинителството и од Секретаријатот за законодавство, дека ќе има правна дупка, па со тие измени, владата го усвоила предлог текстот со два гласа против, од членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Борче Поповски

„За Законот за Совет на јавни обвинители имаше повеќе барања од неколку министри. Дел беа прифатени, дел не беа прифатени. Со оглед на тоа што во новиот Закон за ЈО има специфична процедура за избор на обвинител за организиран криминал и корупција, се побара и да се стави правило за избор на обвинтиелите, внатре во организиран криминал со бадентерово мнозинство и тоа беше прифатено вчера. За ова што го зборувам има и стенограми и сведоци. Текстовите кога се средувале од стручните служби се направени технички грешки и кога согледавме дека има проблем, беше испратен допис во текот на денешниот ден, кој бил примен околу 16 часот во Собранието. По 16 часот не се правени координации меѓу претседателот на Собранието, јас, претседателот Заев и слично“, појасни Дескоска.

Министерката истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во паника, па затоа и нејзините пратеници правеле се да се одложи седницата и да не се одржи истата, а со цел да не се донесе Законот за Јавно обвинителство.

Дескоска истакна дека 24:00 часот бил последен рок за поднесување на Законот, па поради тоа имало грешка кога бил испратен текстот во Собранието, грешки кои ги направиле службите во брзање. Во текстот кој бил испратен недостасувал делот за Законот за јазиците и за бадентеровото мнозинство, како и предлогот на министерката за финансии, Нина Ангеловска, а кој се однесува на делот за буџетирање на обвинителството.

Таа истакна дека ако имало нови предлози, тоа би одело преку амандмани, но бидејќи текстот имал само технички грешки бил повлечен и веднаш пуштен вистинскиот предлог-закон во Собранието.

Слични содржини