Разговаравме околу амандмани за подобрување на текстот по Јавната дебата со експертите, рече министерката за правда Рената Дескоска по средбата за Законот за Јавното обвинителство.
„Благодариме на сите оние кои доставија амандмани, некои рекоа дека ќе донесат до утре, а некои не сакаа да преземат обврска да поднесат амандмани. Јас ги информирав за забелешките кои беа вметнати во текстот, а кои беа за корекција за некои делови“, рече Дескоска.
Таа кажа дека во понеделник најверојатно ќе се закаже средба и ќе разговараат кои амандмани се прифатливи а кои не, а потоа ќе го концептираат текстот.
„ВМРО-ДПМНЕ не дадоа амандмани, прочитаа забелешки од различни ескперти. Ние отворивме дебата за толкување на забелешките и видовме дека имаме различни размислување. Побаравме до утре до 12 часот да поднесат амандмани, но останува да видиме до утре“, истакна Дескоска.
Министерката посочи дека за дел од аманмданите не отвориле расправа, но се видело дека имаат различни размислувања и додаде дека очекува од партиите кои не биле подготвени да разговараат за нивните барања ќе си го сменат односот и ќе достават предлози.
А.Т.