Деспотовски: Ќе го пробиеме плафонот од 3 милијарди евра извоз од економските зони

од Nikola Popovski

Економијата во зоните е веќе на позиција од 2,1 милијарди евра извоз за 8 месеци, што значи дека сме на добар пат да го пробиеме плафонот од 3 милијарди евра, вели директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Јован Деспотовски во емисијата „24 анализа“.

Според него, тоа значи дека ќе имаме апсолутен рекорд во последните 15 години.

-Во моментов нема причина за грижа, барем не лично, додава Деспотовски.

Во однос на инвестициите, тој вели дека бруто-инвестициите во моментов „не можат никако да се споредат со времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“.

Слични содржини