ДЕТАЛЕН ПРИКАЗ: Во овие скопски општини има најмногу активни случаи на ковид 19

од Берта Китинска

Во Скопје во моментов најголем број активни случаи со ковид 19 се регистрирани во општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода, покажуваат податоците на Институстот на јавно здравје до кои дојде „Локално“.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.

Слични содржини