Детали од страшниот напад во Франција: Избодените деца се на возраст од три години

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Најмалку осум лица, меѓу кои шест мали деца, утринава беа избодени со нож во близина на игралиште во југоисточна Франција. Според полицијата, напаѓачот бил совладан и уапсен, а три деца се во критична состојба.

Нападот се случил нешто пред десет часот во градот Анеси. Полицијата добила дојава за нападот и за неколку минути пристигнала на местото на настанот.

Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е потврден, избодел најмалку осум лица, меѓу кои шест деца.

Три од нив се во критична состојба, а француските медиуми јавуваат дека нападнатите деца се на тригодишна возраст и одат во локалната градинка.

Според некои информации, напаѓачот е по потекло од Сирија и има 32 години и не ѝ е претходно познат на полицијата.

Полицијата го обезбедувала теренот, а било забележано дека на лице место слетал и хеликоптер.

Бројни француски функционери се упатија кон југоисточниот дел на земјата, каде што се случи страшниот напад.

Слични содржини