Детали за мигрантската драма во Студеничани: Шест мигранти биле држени со употреба на сила

од Nikola Popovski
195 прегледи

Полицијата излезе со детали за вчерашната драма во скопско Студеничани, откако мигранти преку електронска порака на меил побарале помош од ОЈО, бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје. Според МВР, биле држени шест мигранти.

-Синоќа околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.

Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

Вчера беше објавено дека веднаш е реагирано и испратени биле екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО. Направен бил преглед на два посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени мигрантите.

Слични содржини