Детали за пукањето кај Прешево: Македонски државјанин ранил жена, па се самоубил

од Nikola Popovski
368 прегледи

Жената од Србија, кон која синоќа пукал државјанин на Македонија на наплатната рампа кај Прешево, се наоѓа во тешка состојба, информираат српските медиуми. Жената била погодена со два куршуми.

Како што дознава српски „Курир“, ранетата била примена во ЗЦ Врање каде била извршена дијагностика. Со оглед на сериозноста на повредите била испратена во УКЦ Ниш.

– Се работи за сериозни повреди во пределот на вратот, изјавл раководителот на Службата за прием и итно лекување на Здравствениот центар во Врање, д-р Љубиша Стојилковиќ.

Како што објавија српските медиуми, мажот што пукал во неа е државјанин на Северна Македонија од албанска националност.

Според „Телеграф“, македонскиот државјанин прво со огненото оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал.

Лицето им подлегнало на повредите, а на пукањето ѝ претходела расправија.

Слични содржини