399
Полицијата заплени поголема количина дрога, пари, автомобили и мобилни телефони во акцијата која ја спроведува во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од утрово во Грчец и Гази Баба, но и Чаир и Сингелиќ, велат извори од истрагата.
Уапсени се 21 лице, кои ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во кривичниот суд. Неофицијално, ќе се бараат и притвори за дел од осомничените.
Повеќе детали за акцијата надлежните најавуваат во текот на денот.