Децата во една градинка во Индонезија на парадата биле облечени во препознатливата облека на терористите на Исламската држава. Носеле и реплики од пушки.

Како што може да се види на снимките кои ги пренеле социјалните мрежи, станува збор за парада која била организирана по повод индонезискиот Ден на независноста.
На него се гледаат девојчиња, на возраст од 4-5 години, кои се облечени од глава до пети во црно, односно како милитантки на озлогласената Исламска држава.
Тие за време на парадата во рацете носеле и пушки.
По бурните реакции, градинката која ги облекла децата во спорните костими, јавно и се извинила на јавноста.
https://twitter.com/RealNewsLine/status/1031784309903044608