Деца во униформи на Златибор – учат како да ја бранат својата земја (Видео)

од desk2
139 прегледи

 

На планината Златибор во Србија отворен е првиот „младинско-патриотски“ камп за деца, кој го организираат српски и руски ветерански и патриотски групи.

На видео-сервисот на рускиот портал Russia today се појави снимка во чиј опис се наведува дека кампот го посетуваат 30-тина деца на возраст од 14 до 23 години.

„Децата учат основни техники на преживување во природа, вклучително и пружање прва помош, како са се однесуваат во борби, како да пукаат од пушки, да се одбранат со ножеви, и ориентација“, се вели во описот на материјалот.

Слични кампови се одржувани порано во Русија, а ова е прв во Србија.

Според српските тренери ова не е воен камп туку „младинско-патриотски“, а Валериј Шамбаров, претседател на органзациониот комитет на кампови за млади, рече дека целта е „младите да станат вистински луѓе и воини кои може да ја бранат својата земја“, пишува B92.